Општина Струмица ќе го гради локалниот пат Куклиш – Градско Балдовци

Од:

Вршителот на должност градоначалник на општина Струмица Костадин Костадинов го потпиша договорот за изведба на патот Куклиш- Градско Балдовци во Бирото за регионален развој.

Општина Струмица аплицираше по јавниот повик за предлог-проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2017 година, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој.

– Носител на овој исклучително значаен проект е општина Струмица. Нашата општина аплицираше на Јавниот повик за предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата за 2017 година. За реализација на овој проект, општина Струмица од својот буџет обезбедува 2.221.137 денари, а исто толкав износ на финансиски средства обезбедуваме од Бирото за регионален развој, рече Костадинов.

Тој додаде дека бенефитите од изградбата на овој локален пат ќе бидат од непроценливо значење за граѓаните на Куклиш и Градско Балдовци, но и за сите други граѓани од општина Струмица.

– Овој проект на вработените во „Секторот за локален економски развој, заштита на животната средина и меѓународна соработка“ при општина Струмица е само уште една потврда за континуираноста во инвентивното и професионално работење, кое секогаш резултира со квалитетни и издржани проекти, што гарантираат прогрес на општина Струмица и подобар живот на нејзините граѓани, нагласи Костадинов.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски