Општина Струмица ќе ги подобри условите за престој во градинка

Од:

Проектот „Квалитетни услови за среќни деца“ доби најголема поддршка на последната, четврта сесија од Проектниот форум „Зајакнување на општинските совети“ што се одржа денеска во Струмица.

Со реализација на овој проект треба да се подобрат условите за престој на децата во „Клон 4“ на градинката „Детска радост“.

На учесниците во овој проектен циклус им се заблагодари градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека со овој Проектен форум е потврдено дека општина Струмица има капацитет и заедно со европски партнери и самостојно да реализира значајни проекти.

Проектниот форум е финансиран во износ од 50 илјади шваjцарски франци од страна на УНДП и на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри