Општина Струмица ја подобрува инфраструктурата во населените места

Од:

Општина Струмица продолжува со подобрување на инфраструктурата во повеќе населени места.

Во селото Габрово се работи на асфалтирање на три улици и на довршување на филтер станицата која што треба да овозможи квалитетна вода за пиење.

-Ги надминавме сите технички предизвици за да можеме тој проект да го завршиме како што треба. Еве, можам да најавам дека до крајот на ноември ќе биде инсталирана одредена опрема што ќе овозможи квалитетна чиста вода за пиење. Веднаш потоа следува тестирање на водоводните линии што постојат многу одамна, но кои се уште не се ставени во функција и мислам дека во догледен период, на општо задоволство, целиот систем ќе биде ставен во употреба, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Информираше дека во Габрово се градат и каскади, што треба да ги смират водите што неконтролирано доаѓаат од падините на планината Беласица и во неколку наврати правеа штета.

-Тие се таканаречни базни прегради што финишираат и мислам дека ќе решат еден голем проблем. Исто така можам да најавам дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплициравме со проект за реконструкција и пробивање на туристичката патека што води до водопадите на ова населено место и се позната туристичка атракција, посебно, пробивање до третиот, односно, највисокиот и последен водопад во атарот на ова место, додаде градоначалникот Коста Јаневски.

Тој, исто така, информираше дека во населеното место Банско, се асфалтираат три улици со должина од околу 560 метри, а улици се асфалтираат и во селата Куклиш и Градско Балдовци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри