Општина Струмица испрати помош во погодените подрачја од невремето

Од:

Општина Струмица испрати помош во подрачјата погодени од невремето што го зафатија скопскиот и тетовскиот регион. Уште во раните утрински часови заминаа околу стотина луѓе и специјални возила од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица.

Согласно одлуката која што треба да биде донесена на вонредната седница на Советот на општина Струмица, а која е свикана на предлог на градоначалникот Зоран Заев, во текот на денот ќе биде испратена и дополнителна помош.

Градоначалникот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе биде со граѓаните од погодените подрачја.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица