ВИДЕО: Општина Струмица ги уредува парковите во пет населени места

Од:

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица и годинава продолжија со подобрувањето на животот во населените места. Во тек е реализацијата на проектот за уредување на парковите во пет населени места. По уредувањето на паркот во Свидовица овој градежен зафат во полн ек е во населеното место Просениково.

-Со уредувањето на овој парк, жителите на Просениково ќе можат да уживаат во поставените клупи, во новата тревна површина и засаденото сезонско цвеќе, а ќе бидат поставени и канти за отпад и канделабри. Целокупниот проект значи преуредување на парковите во пет населени места, досега е завршен паркот во селото Свидовица, а по Просениково ќе се уредуваат и парковите во Муртино, Костурино и Куклиш. Овој проект чини над три милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица. Општина Струмица, Советот и Градоначалникот, продолжуваат со напорите за подобрување на животот на граѓаните во населените места и на целата територија на општина Струмица, рече Панче Беџовски советник за план и анализа во Одделението за ЛЕР на општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите