Општина Струмица ги чисти одводните канали во Муртино

Од:

Општина Струмица продолжи со чистењето на одводните канали за прифаќање на атмосферските води во селото Муртино.

Чистењето се врши со механизација на АД „Водостопанство на Македонија“- Подружница „Струмичко поле“, а вклучено е и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.

-Чистењето на каналите како превентивна мерка од можни поплави во изминатиот период се реализираше и во други населени места, а ќе продолжи и во останатите каде што има потреба од чистење на каналите, информираа од Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица