Општина Струмица финансиски ќе поддржи 21 здружение на граѓани

Од:

Општина Струмица од буџетот за 2014 година финансиски ќе поддржи 21 здружение на граѓани и фондации со вкупно 2,3 милиони денари, одлучи комисијата за спроведување на јавниот повик за прибирање на проекти од областа на локалниот економски развој, културата, образованието, здравствената заштита, заштитата и унапредувањето на животна средина, млади и младински политики, како и од областа на социјалната заштита по разгледувањето на пристигнатите проектни иницијативи од вкупно 34 здруженија и фондации.

Здруженијата кои добија финансиска поддршка ги исполниле критериумите наведени во јавниот повик што го распиша општина Струмица, а во рамките на законот за здруженија и фондации.

„Финансиски средства од програмата G1 – поддршка на ЛЕР – трансфер од буџетот на општина Струмица за 2014 година во висина од 1.708.678,00 денари добија вкупно 16 здруженија и фондации, а од програмата V2 од областа на социјалната заштита, финансиската поддршка во висина од 598.486,00 денари ја добија 5 здруженија на граѓани и фондации.Здруженијата кои добија финансиска поддршка своите проектни иницијативи треба да ги реализиираат до крајот на оваа година“, се наведува во соопштението од општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени