Општина Струмица донираше грејни тела на Здружението на слепи лица

Од:

Во рамките на континуираната соработка и поддршка со невладиниот сектор, општината донираше две грејни тела на Здружението на слепи лица во Струмица.

Со оваа донација се надмина проблемот со затоплувањето на просторијата во која функционира Здружението. По предавањето на донацијата се одржа заедничка  средба меѓу претставниците на општина Струмица и Здружението на слепи на која се разговараше за проблемите со кои се соочува оваа ранлива категорија на луѓе.

Претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски,  рече дека локалната власт и досега го помагала Здружението со технички помагала, компјутери, работни маси и столови, а ќе продолжи и понатаму со сите расположливи средства да ги помага членовите.

Во таа насока, општината ќе ги поддржи и регионалните средби со другите вакви здруженија во регионот и турнирот во шах за слепи лица. Претставниците на Здружението се заблагодарија за донацијата и побараа да се посвети поголемо внимание во вработувањето на слепите лица. Здружението на слепи лица во Струмица има околу 100 членови.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски