Општина Струмица: Доколку имало нешто што се коси со законот, институциите на ВМРО-ДПМНЕ ќе реагирале

Од:

Општина Струмица со писмено соопштение реагира на денешното видео-обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Општина Струмица најодговорно ги демантира инсинуациите за наводен судир на интереси, пласирани во јавноста преку денешната прес конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вистината вели дека Општина Струмица, по пат на електронско јавно наддавање, изврши продажба на споменатото градежно земјиште, а истото го купи физичкото лице Сашко Брндевски, за кое согласно Законот за градење, доби и одобрение за градба. Подоцнежната промена на инвеститорот е направена врз основа на Договор за отстапување на право на градење, а на Решението за промена на инвеститор не стои потписот на Зоран Заев. Тоа значи дека не постои никаков судир на интереси, како што обвинува господинот Мицковски.

Очигледно е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прави залуден обид да ја дискредитира Општина Струмица и да го наруши угледот на поранешниот градоначалник, а сега Претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Дека се е согласно законот, зборува фактот дека споменатата продажба на градежно земјиште се случила во време кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ, па доколку имало нешто кое се коси со Законот, нивните институции сигурно ќе реагирале, особено кога се работи за Општина Струмица и Зоран Заев.

Општина Струмица е секогаш отворена и транспарентна и стои на располагање на сите институции и на целокупната јавност, за какви било информации од делокругот на своето работење“ се вели во реакцијата на Општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени