Општина Струмица договори соработка со шпански општини и компании

Од:

Во рамките на неколкудневната работна посета на Шпанија, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски оствари средби со градоначалници и заменици градоначалници на градовите Кастелон, Валенсија, Аликанте и Елче, соопштија денеска од општина Струмица на кои биле разгледани можностите за соработка во повеќе области.

Како што соопштија од општината, на средбите тој ги презентирал можностите за соработка и проектни апликации за Југоисточниот регион, а посебно за Струмица и тоа во делот на развојот на туризмот, селектирање, собирање и преработка на отпад вклучително и дрвна маса, инфраструктурни проекти и мали и средни иновативни компании.

– Договорени беа и идни активности и соработка во искористувањето на можностите за претприемачите и старт-ап компаниите да имаат директна поддршка од општина Струмица, како и од шпанските партнери за користење на средствата од ЕУ фондовите и грантови и посебна поддршка во проекти за приватниот сектор во соработка со академскиот сектор, како и училиштата кои во фокусот ќе ја имаат програмата Еразмус плус, информираа од општина Струмица.

Во рамките на посетата е договорено формирање бизнис иновативен центар во Струмица на иницијатива на неколку компании и општината, кој ќе се реализира во соработка со шпански, белгиски и холандски партнери.

Младите луѓе, иноваторите, како и иновативните старт – ап и мали и средни компани ќе имаат и грантовска поддршка покрај другите видови мерки на поддршка согласно Европските фондови.

Делегацијата посети и неколку универзитети, приватни компании, бизнис центри и инкубатори каде мoжеа да се видат функционални иновативни идеи и директно да се разговара со нивните први луѓе.

– Според градоначалникот Јаневски, општина Струмица многу брзо ќе го почувствува бенефитот од оваа посета, од воспоставените контакти и договорените активности и како Општина преку европските фондови ќе им даде максимална поддршка на приватниот сектор и младинските иницијативи како двигатели на локалната економија, додаваат од општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица