Општина Струмица договара пласман на земјоделски производи во Русија

Од:

Струмица и збратимениот град од Руската федерација, Електростаљ договараат пласман на земјоделските производи од регионот. Ова го истакна заменик градоначлникот на Електростаљ, Дмитри Гусев кој денеска заедно со делегација на општината и претставници на руската амбасада ја посетија Општина Струмица.

-Денеска ќе се договориме за унапредување на соработката во испорака на земјоделски производи и соработка во сферата на земјоделството. Потполно ја добивме поддршката од градоначалникот и од локалната самоуправа. Се надевам дека наредната година, 2018, која е јубилејна за Електростаљ, ќе ја дочекаме со конкретен проект од заедничка корист и за нашите жители и за жителите на Струмица, рече Гусев.

Додаде дека престојот во Струмица ќе го искористат за надополнување на соработката со нови проекти и нови форми на меѓусебна поддршка. Домаќинот, вд градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов, рече дека денешната средба е резултат на потпишаната спогодба за збратумување во декември 2013 година.

-Искрено верувам дека од оваа средба деновиве ќе произлезат конкретни активности кои ќе бидат во функција на подобрување на условите на живот на граѓаните од двете општини. Добрите примери кои даваат позитивен бенефит заслужуваат да имаат континуитет и да бидат продлабочувани, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица