Општина Струмица асфалтира улици во две населени места

Од:

Општина Струмица денеска почна со асфалтирање на улици во населените места Свидовица и Муртино.

Според градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, кој денеска присуствуваше на асфалтирањето во селото Свидовица, жителите од овие места заслужуваат подобра инфраструктура.

– Во населеното место Свидовица во тек е асфалтирањето на една од улиците, која што самите жители на нашите средби со нив ја посочија како една од приоритетите. Можам да најавам дека и во населеното место Муртино се асфалтираат три улици. Улицата тука во Свидовица е во должина од околу 300 метри, а во Муртино се три помали улици, кои што имаат вкупна должина од 250 метри, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Тој најави дека општина Струмица почнува и со реализирањето на програмата во градот со уредување на тротоарите. Предвидени се пет тротоари, кои во прва фаза ќе бидат уредени со површина од околу 600 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски