Општина Штип: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да наметне лажна слика за состојбите во градот

Од:

„Општина Штип целосно ги демантира лагите на опозициската партија која се обидува да наметне лажна слика за состојбите во градот.

Во изминатиот период јавните претпријатија со своите капацитети беа на терен и за време на снежните наности се чистеа улиците во градот, општината и оние коишто беа потешко достапни. ЈП „Исар“ со над 90 вработени ги чистеше тротоарите во централното градско подрачје и во периферниот дел, со цел непречено движење, за што сведоци се и самите граѓани.

ЈП „Стипион 2011“ беше 24 часа на терен и успешно се справуваше со снежните наноси, со што придонесоа улиците во градот да бидат чисти и добро проодни.

За информација на граѓаните, во Општина Штип се работи на капитални објекти како брана на реката Отиња, гасификација на градот и нова детска градинка во населба Сењак.

Покрај овие крупни проекти секојдневно ги решаваме тековните потреби на граѓаните.

Како за пример еве денеска, градоначалникот Бочварски посети две основни училишта каде се инвестира над 4 милиони денари за реконструкција и подобрување на условите за настава. Општина Штип вложи над 120.000 евра за подобрување на условите во сите основни училишта“, се вели во реакцијата на Општина Штип на прес-конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ