Општина Штип со долг над 2.000.000 евра по само две основи

Од:

Општина Штип се сочува со сериозни финансиски проблеми. Долгот на општината ја надминува сумата од 2.000.000 евра по само две основи, а приливот на финансиски средства во првиот квартал од оваа година е минимален.

Министерството за финансии бара општина Штип и комуналното претпријатие ЈП „Исар“ да врати 1.500.000 евра, кои Општината ги има земено за реконструкција на водоводната мрежа од Европската банка за обнова и развој уште пред 10 години.

Според изјавата на градоначалникот Илчо Захариев, дадена за локалните медиуми, во изминатите десет години Општина Штип не исплатила ниту денар од долгот кон Европската банка за обнова и развој, поради што од Министерството за финансии најавуваат  дека повеќе нема да ја толерираат Општината и ќе пристапат кон присилна наплата.

stip-17april (2)

Општина Штип им должи и над 450.000 евра на приватните превозници што се ангажирани да вршат бесплатен превоз на ученици од соседните градови. Захариев најави дека овој проблем ќе се разговара и на претстојната средба со министерот за финансии, од причина што смета дека Општина Штип не е должна да ги подмирува трошоците за превоз на ученици од соседните градови.

stip-17april (3)

Општината должи и над 800.000евра  по други основи. Поради тоа, Захариев најавува  дека во иднина општината ќе мора да штеди, а приоритет ќе ѝ биде само исплатата на платите на работниците од социјално ранливите категории, кои  се ангажирани во штипските претпријатија, обезбедување плати за општинската администрација и подмирување на тековните сметки, а во иднина репрезентациите и користењето општинските возила ќе одат само со одобрување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он