Општина Штип продолжува со изградба и реконструкција на патната инфраструктура

Од:

Општина Штип и во празничниот период продолжува со изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот, објави градоначалникот Благој Бочварски.

„Во моментов се одвиваат градежни активности во повеќе делови од нашиот град. Денеска се наоѓаме во населбата Сењак, каде сакаме да го посочиме вниманието на јавноста кон изградбата на нов тротоар на улицата „Борис Крајгер“, на потегот од спортската сала „Јордан Мијалков“ до крстосницата со булевар „Партизанска“.

Станува збор за инфраструктурно решение со коешто се зголемува безбедноста на жителите од овој дел од градот, којшто е мошне густо населен, а низ којшто дополнително секојдневно транзитираат илјадници наши сограѓани од сите делови на градот.

Тротоарот е со површина од 650 квадратни метри, се протега на 250 метри покрај улицата, со широчина од 2,4 метри. Изведувач на градежните активности е ЈП „Стипион 2011“.

Во моментов се одвиваат градежни активности во насока на пробивање нови и реконструкција на постоечките улици и тротоари на повеќе места во градот, како и поставување водовод и канализација на одредени локации.

Ја користам оваа прилика за да ги информирам граѓаните дека располагаме со 7000 квадратни метри бехатон, коишто во наредните шест месеци ќе бидат искористени за реконструкција или пробивање нови тротоари во најкритичните точки за пешаците. Со тоа ќе расте безбедноста за нашите сограѓани, а и дополнително урбанистички и визуелно ќе го подобриме ликот на градот.

Општина Штип и во новата 2018 година ќе продолжи да работи на проекти коишто се во функција на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните и добивање урбан и современ изглед на градот, порача Бочварски.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски