ФОТО: Општина Штип ќе реконструира дел од магистралниот пат М12 04

Од:

Започна реконструкцијата на улиците „Димитар Влахов“ и „Гоце Делчев“ во Штип, кои се дел од магистралниот пат М12 04 и го поврзува Штип со Радовиш и со Велес.

magistralen pat-STIP (1)

„Целокупната површина ќе биде покриена со нов асфалт. Станува збор за патен правец со должина од 2400 метри, кој се протега од познатото место ‘Кај јаворот’ во Ново Село, па сè до крстосницата кај Градскиот базен“, изјави директорот на ЈП „Штип-Проект“, Александар Шумански.

magistralen pat-STIP (2)

Шумански истакна дека со овој проект ќе биде опфатена и реконструкцијата на крстосницата кај градската црква „Св. Никола“.

magistralen pat-STIP (4)

За реконструкцијата на оваа делница се обезбедени 15. 000 евра од страна на Владата на Република Македонија и ЈП за државни патишта. Крајниот рок за завршување на реконструкцијата на оваа делница сè уште не е познат.

magistralen pat-STIP (5) magistralen pat-STIP (6)

М.Р.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена