Општина Штип ќе нуди нови градежни парцели

Од:

Општина Штип очекува и оваа година да продаде рекорден број градежни парцели за куќи, станбени згради, стопански објекти и хотели.

Според раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Штип Силвана Николова, се планира да биде усвоена нова урбанистичка документација во населбата „Баби“, „Три чешми“, каде што се предвидени објекти за домување, а ќе има и индустриски објекти на локацијата „Плуждино“, после Градските гробишта, на магистралниот пат за Радовиш.

– Годинава се планира изработка на нови детални урбанистички планови кои ќе им понудат на граѓаните и бизнис секторот нови градежни парцели, рече Николова која денеска на седница на Советот на Општина Штип го презентираше извештајот за реализираната Програма за градежно земјиште за минатата година.

Општината најавува парцели за индустриски објекти кај поранешна „Метална“, како и кај „Алумина“.

Минатата година на јавна електронска лицитација биле продадени над 50 градежни парцели со што се реализирани над 66 милиони денари од кои 80 отсто за Општина Штип и 20 проценти за државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски