Општина Штип ќе финансира седум проекти на НВО секторот

Од:

Општина Штип за првпат од Буџетот ќе финансира проекти на невладините организации. Околу еден милион и 30 илјади денари ќе бидат издвоени за финансирање на вкупно седум проекти, кои беа доставени од страна на штипскиот невладин сектор.

Кристина Костова, советник за информирање во Кабинетот на градоначалникот на Штип вели дека Предлог одлуката за финансирање на проектите е доставена до комисиите на Советот на општината, кои треба да се произнесат дали се за или против. Таа истакна дека комисијата која ги разгледувала предлог проектите, исто така имала корекции во сумите на проектите.

– Согласно записникот и предлог-листата на Комисијата се предлага да се одобрат средства за седум проекти: „Децата се нашата иднина“ на Здружението „Организација на жени“-Штип во износ од 230.000 денари, набавка на возило со рампа за НВО „Сплотени срца“ во износ од 180.000 денари, „Поддршка на децата Роми во образовниот процес“ на НВО „Черење“ во износ од 170.000 денари, „Мапирање на понуди за туризам во Општина Штип“ на Бизнис информативен и консултантски центар-Штип во износ од 120.000 денари, „Културата и младите за промени на НВО „Гласен Текстилец“ во износ од 100.000 денари, „Културното наследство извор на нашето богатство“ на здружението „Македонски Егеј“ во износ од 100.000 денари и „Работни навики императив за младите“ на еколошкото друштво „Виножито“ во износ од 90.000 денари, вели Костова.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“