Општина Штип им подари пакети на стечајците од исламска вероисповед

Од:

Во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, општина Штип одлучи да им подари хуманитарни пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства на штипските стечајци од исламска вероисповед.

– Стечајците многупати доаѓаат и бараат помош од Општината, а ние на некој начин со нив ја споделуваме маката. На овој начин, со делење хуманитарни пакети, сакавме да им го разубавиме претстојниот празник – изјави Снежана Санева, вработена во општина Штип.

Претседателот на здружението на стечајци и технолошки вишок „УНИТ- Штип“, Кемаладин Арсланов, упати благодарност до општината што во вакви моменти им помагаат на стечајците.

Првите хуманитарни пакети за стечајците општината ги подели во пресрет на велигденските празници.

Стечајците сè уште го чекаат одговорот од општината за нивното предизборно барање да бидат ослободени од давачките за вода и комуналии.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица