Oпштина Штип го реши инфраструктурниот проблем на Петар Милев

Од:

Екипите на ЈП „Стипион“-Штип денеска го рамнеа и тампонираа просторот од улицата до влезот во домот на штипјанецот Петар Милев, кој боледува од ретка болест хемофилија и се движи со помош на помагала и инвалидска количка.

Тој на социјалните мрежи побара oпштина Штип да помогне да се реши неговиот проблем со пристапот до неговиот дом.

– Секое утро излегувам со количката и ми треба тој простор за да можам да се движам од улицата до домот. Малку е незгоден теренот, имаше од порано бетон, но тој е одамна и беше многу дотраен. Се надевам дека сега пристапот ќе се направи убаво, како што ми е потребно, вели Милев.

Надлежните од Општина Штип велат дека кога го виделе барањето на Милев веднаш излегле на терен за да го решат неговиот инфраструктурен проблем. Забележуваат дека и во иднина ќе излегуваат во пресрет на вакви реални барања доставени од страна на граѓаните, со цел да имаат полесен пристап до улиците и тротоарните површини.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му