Општина Штип апелира да не се пали оган на отворено

Од:

Во источниот регион деновиве изгореа околу 220 хектари борова и дабова шума. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека поради сушниот период, палењето на стрништата во штипскиот регион се случија неколку пожари, меѓу кои и кај воениот полигон Пенуш, каде што изгореа 50 хектари дабова шума и ниска трева.

– Поголемиот дел од пожарите според вработените во нашата Територијална противпожарна единица се подметнати од несовесни граѓани, а дел се резултат и на невнимателност, а за да можеме успешно да ги превенираме пожарите и да спречиме поголеми последици апелираме до граѓаните да внимаваат на отворено, вели Ристов.

Тој додава дека во текот на наредниот период престојат празници, кога граѓаните излегуваат на излети во природа и ги палат скарите. Затоа се надева дека граѓаните ќе го сфатат апелот добронамерно и заеднички ќе помогнат оваа пролет и лето да има помалку пожари на отворено.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски