Општина Ранковце апелира за помош од државните институции

Од:

Изминатите денови општина Ранковце беше зафатена од невреме проследено со обилни врнежи од дожд кое предизвика огромни штети.

„Интензивните дождови предизвикаа излевање на Крива Река и останатите помали притоки поради што дојде до оштетување и прекин на повеќе патни правци, а неколку мостови во селата Опила, Ветуница, Отошница и Ранковце се со поголеми оштетувања кои оневозможуваат сообраќај преку нив.

DSC_0031

Зголемениот водостој нанесе големи штети на водоводната инфраструктура поради што голем број на домаќинства се без вода за пиење, а во некои населени места каде жителите се снабдуваат со вода од природни извори водата е заматена и не може да се користи за пиење.

Канализационата мрежа во Ранковце претрпе големи штети за кои ќе треба поголем временски период да бидат реконструирани и вратени во употреба.

DSC_0024

Поплавени се посеани земјоделски површини, а голем број на домаќинства се соочуваат со поплавени куќи и помошни простории.

Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Момчило Алексовски ги вложува сите напори за да се излезе во пресрет на граѓаните и да се санираат предизвиканите штети.

DSC_0023

Општина Ранковце апелира до државните институции од кои побара соодветна помош навремено да реагираат и да помогнат во отстранувањето на штетите предизвикани од поројните дождови.“, пишува во соопштението од Општина Ранковце.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он