Општина Пехчево нема да троши средства за нови новогодишни реквизити

Од:

Во Пехчево пари за нови новогодишни реквизити нема да се трошат, а Новогодишното украсување ќе се реализира со украсите од претходните години. Новогодишното украсување, како што информираа од општината, ќе започне од понеделник во чии рамки ќе се украсува централното градско подрачје во Пехчево.

– Во услови на здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, а и енергетска криза со која се соочуваме во моментот, а со цел да се заштедат финансиски средства, како локална самоуправа, одлучивме украсувањето да се реализира скромно, во однос на изминативе години, истакнаа од Општината.

Градоначалникот на Пехчево Алелсандар Китански додаде дека украсувањето ќе.биде практично за без пари, односно со постоечките реквизити кои се сопственост на општината што, според него значи дека за новогодишниот изглед на градот нема да биде потрошен ниту денар.

– Очигледно дека не се потребни големи суми, туку само малку добра волја за Пехчево да светне во новогодишниот сјај, додаде Китански.

Според планираното, украсувањето во Пехчево треба да заврши до наредниот четврток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд