Општина Охрид: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лаже

Од:

Во недостаток на подготвеност за надминување на политичката криза во Република Македонија и уништување на демократијата, ОК на ВМРО- ДПМНЕ продолжува да ги залажува граѓаните, постојано преповторувајќи теми , како што е паркирањето во Охрид.

На денешната прес конференција, без аргумент ги обвинија градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа дека објавиле тендер за издавање под закуп на паркинзи по распишувањето на локалните избори. Ако го отворат весникот Вечер од 9 јануари 2013 година и ја прочитаат официјалната објава и самите ќе видат дека јавно изнесуваат невистини велат од општина Охрид.

Доколку паркирањето и паркинзите и натаму им се централна политичка тема, тогаш нека видат што се случува во градовите каде градоначалниците се од нивната партија ВМРО- ДПМНЕ. Ги потсетуваме дека сега во Охрид не се наплаќа паркирањето, а кога се наплаќаше имаше пониска цена, споредено со другите градови. Нека се запрашаат кој дозволил, за да се влезе во Клиничкиот центар или такавиканата Државна болница во Скопје, граѓаните од целата држава кои носат болни луѓе мора да платат по 100 денари за паркирање. При тоа тие не се сигурни дека ќе најдат паркинг место во близина на клиниката во која се упатени, па мораат и да платат и во раце да ги носат болните граѓани, велат од локалната самоуправа во Охрид.

Од таму велат дека ова бил само еден од примерите, од кои можело да се види дали ВМРО-ДПМНЕ води грижа за интересите на граѓаните или пак предизборно, со неаргументирани напади, сака да спечали некој политички поен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски