А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: Во соопштението на СДСМ Охрид нема ниту еден контра аргумент

by А1он28/01/2017 - 18:0828/01/2017 - 18:09114
Share0

„На OO СДСМ Охрид им требаше цел еден ден да состават реакција, по вчерашниот прес на Градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, која во за нивпрепознатлив стил, освен неаргументирани критики и шпекулации, не можевме да прочитаме ниту еден контра аргумент. Затоа што го немаат.

Добивај вести на вибер

Но, тоа не не изненадува, оддамна сме свесни дека тоа што за граѓанитена Охрид предизвикува восхит и причинува задоволство, кај нив предизвикува најсилна болка и гнев. Исто така познати ни се нивните желби за тотална цензура на медиумите, во кои што би не немало нас, но за жал ќе требаи понатака да читаат за многу нови реализирани проекти, за позитивните трендови на Охрид, за светска промоција каква што заслужува градот и за комплетно подобрување на животот на охриѓани.

Тоа е наша обврска, да бидеме транспарентни и отчетни пред граѓаните и пред законот. Затоа уште долго ќе не гледаат. Знаеме дека никогаш не оперирале со статистика, факти, бројки, аргументи, а уште помалку компаративна аналитика, бидејќи во нивниот лексикон освен паушални изјави и чаршиски муабети овие операции и не постојат. По тоа екстремно се разликуваме. Ќе бевме среќни доколку во нивното 8-годишно пустошење на Охрид реализираа барем 10% од она што тие сега го нарекуваат „мини проекти”, наместо нивните мега проекти на хартија врзани со мега финансиски дубиози од кои градот се уште позема душа.

На ваков убав сончев ден, топло им препорачуваме да излезат на преполните пешачки патеки, рекреативни зони и плоштади кои ги изградивме во Охрид и да се соочаат со реалноста. Освен тоа, да поразговараат со хотелирите, угостителите и туристичките рабтници, тие најдобро ќе ги освестат каков е импактот од туристичката промоција на Охрид“, се вели во реакцијата на Општина Охрид.

ohridsdsm

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он21/02/2026 - 14:53

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Горан Наумовски20/02/2026 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен