Општина Охрид најави реконструкција на малото пристаниште

Од:

Малото пристаниште во Охрид лоцирано пред хотелот „Палас“ ќе биде реконструирано и преуредено, најави локалната самоуправа. Проектот за кој веќе е изработено идејно решение, општина Охрид планира да реализира проект по пат на јавно приватно партнерство, со кој би се спровела реконструкцијата и санација на објектот, но да стане една од атракциите на охридската ривиера.

Гадоначалникот Никола Бакрачески појасни дека локалната самоуправа веќе стартува со активности за реализирање на проектот, преку објавување Oглас за пројавување интерес за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба и користење на малото пристаниште.

Според идејното решение, покрај реконструкција на постоечкиот мост до малото пристаниште, проектот предвидува изградба на функционален објект со комерцијални и угостителски објекти.

Бакрачески додаде дека независно содржините на новото пристаниште, проектот е осмислен да им овозможи на граѓаните на Охрид да ги вратат своите спомени од минатото, преку изведба на градско капалиште или градска плажа, каква што своевремено постоеше на таа локација.

 – Во овој момент имаме изработено само идејно решение, што значи дека со изработката на основниот проект ќе ги знаеме сите детали околу површината и намената на таа површина која е предвидена за реконструкција и изградба на едно вакво мало пристаниште. Она што е најважно е дека ние по секоја цена ќе тргнеме во активност за реализација на овој проект, затоа што  на сегашното пристаните повеќе од неопходно му е потребна  реконструкција, изјави градоначалникот на Охрид.

Огласот за изработка на идејно решение за реконструкција и санација на малото пристаниште општина Охрид го објави минатата година. На тој оглас се јави една компанија, чие решение за просторот е оценето како исклучително задоволително со оглед на намената и местоположбата.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство