Општина Охрид: Изиграни сме со наводното отстранување на дивоизградените палтформи во езерото

Од:

Урнатите платформи повторно вратени во Охридското Езеро пред почетокот на туристичката сезона. Општина Охрид тврди дека инспекторите излегуваат на терен и ги нотираат сите незаконски дејствија, но не прецизираат кога ќе преземат чекори за решавање на долгогодишниот проблем. Според нив, од отстранетите осум платформи во септември минатата година, засега само две се повторно вратени во езерото.

„Овие случаи се евидентирани од инспекциските служби. Доколку сопствениците на фирмите не ги отстранат своите дивоизградени објекти, општина Охрид ќе пристапи кон отстранување веднаш кога ќе се направат соодветните подготовки од правен и логистички аспект. Општина Охрид е „изиграна од страна на правни и физички лица со наводното отстранување на дивоградбите, па нивно враќање“, посочуваат од Општина Охрид за А1он.

Уште при уривањето на платформите се наговестуваше дека тие можат да се вратат назад во Охридското Езеро, имајќи го во предвид фактот дека тие не беа целосно отстранети, односно се отстрануваа само штиците, но не и железните конструкции. Тогаш, сопствениците признаа дека незаконски ги поставиле платформите и им беше дозволено сами да ги отстранат. Општината, пак, тогаш посочи дека ако сопствениците на дивоградбите не го испочитуваат ветеното, тогаш тие ќе продолжат со рушење.

Здружението „Охрид СОС“, веќе евидентираше дека на плажата Канео во пресрет на летната сезона е вратена платформата, која беше привремено демонтирана. Тогаш беше увидено дека сопствениците на дивоградби, при вадењето на штиците ги бележеле со број, за потоа, полесно да ги вратат назад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион