Општина Охрид до СДСМ Охрид: Ќе одговарате еден ден

Од:

Недозволиво и недопустливо е во јавноста да се изнесуваат паушални, непроверени и единствено политички мотивирани изјави, реагира Општина Охрид на соопштението на СДСМ Охрид дека се вршат притисоци и уцени врз вработените за да излезат на контра протести.

„Отворено Ве прашуваме дали со ваквите манипулативни текстови се обраќате до нашите вработени и при тоа им порачувате „Плашете се само до нас и ако не дојдете на протест ќе има последици кон вас“, притоа отворено ги поттикнувате да вршат насилство врз објектот на локалната самоуправа.

Очигледно сте ги измешале времињата и никако не ви станува јасно дека повеќе не владеете со Охрид и дека не можете никого повеќе да го приморате од работното место да присуствува на вашите партиски митинзи полнејќи ги вашите партиски автобуси. За среќа на Охрид ваквото однесување е веќе во минатото и е карактеристично само за вас. Сите не се исти. Прочитани сте и провидни и за сето ова еден ден ќе одговарате“, се наведува во реакцијата на Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите