Општина Охрид дели десет нови вработувања за Нова Година

Од:

Општина Охрид, точно на 31 декември, во очи на дочекот на Нова Година, распиша оглас за десет нови вработувања во општинската администрација кои ќе земаат плата од општинскиот буџет. Терминот е избран, најверојатно никој да не забележи дека се примаат нови десет службеници и доколку е можно, тоа да помине далеку од очите на јавноста.

Токму градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески беше тој што тврдеше дека Локалната самоуправа има огромен проблем со превработеноста, а на неколку пати тој распиша оглас за вработување, примајќи ги во неколку групи. Откако ја презеде градоначалничката фотеља, Бакрачески цело време се жали дека едвај се справува со бројноста на општинските административци и дека тоа има големо влијание и одраз на општинскиот буџет.

oglas-ohrid

Во Општина Охрид, исто така на работа одат голем број службеници со договор на дело и како привремени вработувања. Бакрачески и неговиот тим, оваа година го зголемија буџетот во ставките за вработувања, најверојатно планирајќи да вработуваат уште службеници во текот на наредната година и да ја трупаат општинската администрација.

Изгледа дека нема толкав проблем со превработеноста во Општина Охрид, имајќи во предвид дека постојано вработува нови луѓе. Истото се случува и со јавните претпријатија кои се превработени, но постојано се вработуваат нови работници.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство