А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Неготино реализираше проект со грчка Алмопија

by А1он24/08/2017 - 14:42174
Share0

Општина Неготино реализираше проект со грчка Алмопија. Во негови рамки денеска неготинската локална самоуправа му даде простории за користење на Здружението на пчелари “Неготински мед”. Градоначалникот Ванчо Апостолов потсети дека беа реализирани повеќе активности од програмата за меѓународна соработка.

Добивај вести на вибер

– Изграден беше пчелин парк во селото Вешје, дел од патниот правец Горни Дисан-Вешје, доделивме опрема за пчелари, рече Апостолов, нагласувајќи дека овој проект беше успешно финализиран.

Претседателот на “Неготински мед“ доктор Миле Тошев нформираше дека здружението е формирано на 7 мај оваа година и брои шеесетина членови.

– Во него меѓу првите влегоа сите оние кои беа дел од соработката со грчката општина. Всушност и самото формирање на друштво се изроди конкретно од тој проект. Ние постоечките пчелари ги поддржавме нашите колеги почетници и се создаде едно јадро за понатамошно дејствување. Интересот е огромен. Очекуваме бројката да достигне до стотина членови. Отворени сме како здружение и за пчелари од целиот Тиквешки регион, нагласи тој во изјава за медиумите.

Тошев соопшти дека цел им е да го брендираат неготинскиот мед како производ со географско потекло, кој има свои карактеристики и традиции. Информираше дека во постапка е со самиот проект да се изврши и брендирање со цел медот да биде препознатлив во земјава и странство.

Појасни дека производството на мед кое е исплатливо финнансиски, на почетокот бара соодветна инвестиција која подоцна се враќа

– Најважно е само да се пројави интерес и да се стартува со поддршка на своевиден ментор. Едукацијата е исто така примарна стратегија на друштвото во иднина, додаде тој.

Се осврна дека меѓу народот е најпознат медот, но рече дека и останатите пчелни производи како прополис, полен, матичен млеч, восок, треба редовно да се користат бидејќи станува збор за природни ресурси кои пчелата ги дава за консумација во еколошка чиста форма.

– Сите тие се добри за да се одржи здравствената состојба на човечкиот организам и треба количината мед која нашиот македонски граѓанин ја троши, да се зголеми многу повеќе. За да се стаса нивото на високо развиените земји каде се консумира многу повеќе мед. Генерално треба да се подобри културата на употреба на пчелни производи. А ќе се подобри со квалитетен мед со гарантиран квалитет. Анализите на нашиот мед покажаа дека имаме врвни параметри за квалитет, рече Тошев.

grcijanegotino

Би можело да ве интересира

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Горан Наумовски08/01/2026 - 10:04

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Горан Наумовски05/01/2026 - 19:27

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 13:15

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

Горан Наумовски02/01/2026 - 12:18

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 15:0927/12/2025 - 15:10

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани

Горан Наумовски26/12/2025 - 21:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен