Општина Македонска Каменица и пензионерите доделија хуманитарна помош

Од:

Општина Македонска Каменица и Здружението на пензионери предновогодишно доделија 80 пакети со хумантарна помош на стари и изнемоштени лица во општината. Градоначалничката Соња Стаменкова истакна дека оваа активност е традиционална и е во соработка со Здружението на пензионери од оваа општина.

– Ние ја продолжуваме традицијата која е на иницијатива на Здружението, а целта е да им покажеме почит и на оваа категорија нашите сограѓани. Желбите се подобро здравје и посреќна нова година, рече Стаменкова.

Видан Конески, претседател на Здружението на пензионери истакна дека ќе бидат посетени сите пенизонери кои од здравствени причини се врзани во кревет или не можат да излезат од нивните домови, за да им се испрати порака дека Здружението мисли на нив и бара начин како да им помогне во животот.

Би можело да ве интересира

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна