Општина Кочани бара локација за втора мерна станица за загаденоста на воздухот

Од:

Резултатите за загаденоста на воздухот во Кочани со ПМ10 честички и други штетни состојки не ги одразуваат реалните состојби, поради специфичната местоположба на мерната станица. Затоа, локалната самоуправа ќе бара нова локација во централното градско подрачје на која би се поставил уште еден пункт со опрема за мерење на состојбата со амбиенталниот воздух.

На седницата на Советот на општината, градоначалникот Николчо Илијев информираше дека ќе биде упатено барање до Министерството за животна средина и просторно планирање, откако претходно ќе се определи соодветна локација.

-Постојната мерна станица што е лоцирана на улицата „Глигор Апостолов – Гочо“ е во непосредна близина на голема крстосница каде поради честите застои на возилата се јавува зголемена концентрација од издувни гасови. Тоа не ја отсликува вистинската состојба, па се случува да се добијат повисоки резултати на загаденост на воздухот во споредба со градовите каде што реално таа постои. Очекувам во соработка со Советот на општината и со стручни лица да најдеме погодна локација во градот каде би била поставена втора мерна станица, истакна Илијев.

Податоците за состојбата со воздухот минатата зима покажуваа присуство на ПМ10 честички и над 100 микрограми на метар кубен, со што Кочани често влегуваше во светлоцрвено високо ниво на загаденост.

Од локалната самоуправа очекуваат со поставувањето на уште една мерна станица да можат да се пресметуваат и просечни вредности на загаденоста од двете локации што би биле пореални со фактичката состојба на терен.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Горан Наумовски

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски