Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски, во присуство на претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и претставник од одделнието за спорт Виолета Лафчиска, оствари работен состанок со Александра Дичевска, национален кординатор на координативното тело при Агенцијата за млади и спорт за подготовки на Проектот Еразмус + „Европска недела на спортот“.
На овој работен состанок беше дискутирано за претстојната реализација на проектот „Европска недела на спортот“, активности кои произлегуваат од Проектот на Еразмус+ програмата за 2018 година.
Воедно, Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт потпишаа договор за соработка, за реализација на Проектот на Еразмус + програмата за 2018 година, преку кој би ги оствариле следните цели: за реализирање, промовирање, организирање и воспоставување на мрежа на контакти за заедничките активности, како би се обезбедило ефикасно остварување на зацртаните активности поврзани со проектот „Европска недела на спортот“ дефинирани од Еразмус + програмата при Европската комисија.
Со реализацијата на проект/активностите од #BeActive, кои се дел од „Европската недела на спортот“, во периодот од 23 до 30 септември оваа година на територијата на Општина Кисела Вода ќе се одиграат повеќе пријателски спортски натпревари.