Општина Кичево најавува акција за чистење

Од:

Во сабота Општина Кичево ќе му се придружи на проектот „Ајде Македонија“ и ќе организира акција за чистење, која ќе се одвива низ целиот град. „Жолтото е зелено“ ќе биде мотото на акцијата и, како што најавуваат од Општината, целата администрација ќе се приклучи кон акцијата, почнувајќи од 8 часот до 16 часот.

„Градоначалникот Фатмир Дехари исто така ќе биде на терен во текот на целата реализација на акцијата и заедно со граѓаните, вработените, професорите, учениците ќе учествува во чистењето на градот. Апелираме до сите граѓани помасовно да присуствуваат на чистењето на градот за да имаме почист амбиент“, се вели на соопштението на Општина Кичево.

На акцијата ќе ѝ се приклучат и училиштата и претпријатијата од Кичево, кои ќе бидат поделени во групи, со цел да се опфати целата територија на општината.

Fatlume Dervishi

 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски