Општина Карпош во работна посета на општина Струмица

Од:

Градоначалникот Зоран Заев и општинската администрација на Струмица, денеска беа домаќини на своите колеги од општина Карпош. Работната средба се одржа во просториите на домот на АРМ, каде се разменуваа досегашните искуства од практицирањето на локалната власт, се презентираа реализираните проекти, се бараа решенија на проблемите што се јавуваат во секојдневното работење, а се разговараше и за имплементирањето на новите закони од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина.

Домаќинот, градоначалникот Заев, ги информираше гостите за проектите на општина Струмица, при што истакна дека оваа година општината има 405 проекти финансирани од сопствениот буџет.

Меѓу покрупните проекти ги истакна гасификацијата, која е во финална фаза и во првата фаза се потрошени еден милион и 700 илјади евра, средства обезбедени исклучиво од општинската каса, ободниот канал кој ги опфаќа атмосферските води од ридовите на градот и трајно ги решава проблемите со поплавите во понискиот дел на градот. Иако доградбата на овој канал беше обврска на државата, општината издвои 600 илјади евра и целосно ќе го заврши до крајот на ноември оваа година. Освен од сопствениот буџет, дел од проектите се реализирани со грантови од Европската Унија.  Од 2006 година до денес, општина Струмица од европските фондови има искористено 13 милиони и 200 илјади евра. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше дека оваа година имаат 204 проекти, од кои ги издвои комплетната реконструкција на сите училишта, фасадите,како и повеќе проекти од областа на инфраструктурата. Тој најави дека по примерот на Струмица ќе го гасифицира Карпош.

„За нас, особено е интересна гасификацијата на Струмица, затоа што ние сме веќе во постапка за отворање на јавното претпријатие, веќе избравме управен одбор, деновиве ќе избереме и директор и отпочнуваме со проектот за гасификација на општина Карпош. Покрај тоа не интересираат и инфраструктурни проекти кои што ги има Струмица и добри искуства кои што можеме да ги пренесеме во нашата општина“, рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Општините Карпош и Струмица имаат подолга соработка, но денеска таа уште повеќе се интензивираше преку работната средба на градоначалниците и општинската администрација.

„Двете општини соработуваат доста долго и тоа е на дневна основа со контакти, размена на искуства околу одредени проблеми и решавање на тие проблеми се во функција на општината исправена пред проблемите и потребите на граѓаните. Секое добро искуство во брзото решавање на проблемите, навистина претставува одлична основа за соработка меѓу општините. Денеска созреа еден момент, каде практично седнавме сите и заеднички продискутиравме во изнаоѓањето на заедничко решение на одредени проблеми“, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење