Општина Карпош со комуникациски протоколи за родова еднаквост

Од:

Општина Карпош, како една од десетте нововклучени општини во проектот за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики и буџетот, преку координаторот за еднакви можности ги презентираше сопствените комуникациски протоколи за родова еднаквост во општините на патот кон создавање целосно родово одговорна општина, на завршниот Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини, кој вчера се одржа во Скопје, организиран од ЗЕЛС и UN Women Skopje.

Со секоја своја активност, се вели во соопштението од општина Карпош, во сферата на еднаквите можности на жените и мажите, општината е на чекор поблиску до постигнување на родова еднаквост.

– Преку редовна двонасочна комуникација со општата и сегментираните јавности кои ги допираат овие прашања, како и активните мерки и политики што ги пременува, општината се труди да ја подигне свесноста за родово сензитивните прашања, кои всушност спаѓаат во доменот на основните човекови права и слободи. Во нивната имплементација клучна е подршката што ја има од Комисијата за еднакви можности составена од осум члена од советниците на Карпош, интерсекторската група која помага во креирање на дата базата на родово поделена статистика, акциските планови и алоцирањето на средства за нивна реализација, како дел од општинската политика на градоначалникот Стефан Богоев, се наведува во соопштението.

Вакви оригинални комуникациски искуства прикажаа и Општините Кочани и Делчево, а дел од праксите изнесоа и општините Центар, Ѓорче Петров и Аеродром.

Своите искуства на патот до поефикасна родова интеграција во општините ги презентираа и градоначалничките на Општина Битола – Наташа Петровска, на Општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова и Изабела Павловска, претседателка на Совет на Општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

A1on

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира