Општина Карпош: Протестот кај ООУ „Лазо Трповски“ – очајничка игра на СДСМ

Од:

„Денешниот протест во паркот кај ООУ „Лазо Трповски“, најмалку од сè е спонтан протест на жители на Карпош 3. Тој претставува очајничка игра на СДСМ чија крајна цел е внесување конфузија кај граѓаните на Карпош. Ако се има предвид дека во првите редови меѓу, како што се нарекуваат, протестантите беше Киро Буревски, иницијатор на петицијата за останување на Бранко Црвенковски на чело на СДСМ, а патем жител на Карпош 4, а не на Карпош 3, јасно е дека станува збор за политички мотивиран протест без никаков граѓански поттик и интерес.

– Што се однесува на забелешката дека таму ќе се гради катна гаража чија крајна цел е финансиски профит, Општина Карпош енергично негира дека барем еден квадратен метар ќе биде деловен простор или дека ќе се користи за комерцијални цели. Целта на изградбата на катната гаража е да се реши проблемот со паркирањето во овој дел од Карпош поврзан со новата општинска зграда и институциите сместени во неа, како и за станарите од соседните згради. Паркирањето во неа ќе биде бесплатно“, се вели во реакцијата на Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски