Општина Карпош: Парите од даноци се наменети за граѓаните на Карпош

Од:

„Секоја одлука што ја носи  Општина Карпош е во интерес на граѓаните , вклучително и одлуката за зголемување на стапката за данокот од продажба на имот (данок за промет со недвижности)  за 0,5%. Овој данок ќе го плаќаат сите оние кои доаѓаат во Карпош, односно кои имаат намера да купат имот во оваа општина. Во основаноста на ова зголемување  стои фактот дека Општина Карпош има најдобра подземна инфраструктура, нови улици, без дупки и оштетувања, хигиена  на високо ниво и зеленило по европски стандарди, најдобри училишта, градинки… Во Карпош има завиден број на приватни основни и средни училишта и одлична покриеност со здравствени институции.

Тоа и дава право на Општина Карпош да има даночна стапка за промет со имот барем на онаа на нивото на Општина Ѓорче Петров, иако условите во кои живеат граѓаните на Карпош со оние во кои живеат жителите на Ѓорче Петров се неспоредливи.

Средствата кои што ќе се добијат по овој основ ќе бидат наменети за бесплатни ужинки за учениците од прво и второ одделение и бесплатни еднодневни излети за учениците од прво до петто одделение, како и за стипендии на талентирани ученици и спортисти.

Значи станува збор за средства кои ќе ги плаќаат оние кои доаѓаат во Карпош, а ќе ги трошат оние кои живеат во Карпош.

Оваа одлука на седницата на Советот ја поддржа и еден советник на опозицијаската  СДСМ, а намерата и останатите советници да гласаат „за“ ја спречи координаторката Магдалена Несторовска која директно им се закани дека ќе поднесе оставка од координаторската функција доколку ја прифатата одлуката. Нејзиното его отиде дотаму што таа ги принуди советниците да ја напуштат седницата на Советот и воопшто да не гласаат.

Ова веќе станува континуирана пракса опозициската СДСМ да се однесува крајно дефетеистички, безидејно, постојано служејќи се со бојкоти, напуштања седници и држење стерилни прес конференции, како врв на нивната активност и придонес за граѓаните на Карпош. За ваква неинвентивност, сепак, немаат мандат од граѓаните на Карпош“, се вели во реакцијата на Општина Карпош на прес-конференцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош