Општина Карпош ќе гради нова улица во Бардовци

Од:

Општина Карпош од денеска почна со подготовка на теренот за изградба на нова улица во населеното место Бардовци.

Станува збор за изградба на нов крак на улицата 6 во Бардовци во должина од 200 метри, со ширина од 4 метри. Се работи на комплетно поставување долен и горен слој на кракот од улицата 6 и асфалтирање кое треба да биде завршено за петнаесттина дена. Со тоа граѓаните од овој дел на населбата ќе добијат нов, современ коловоз, соопшти Општина Карпош.

Изведувач на работите е фирмата „Ескаватори“, а вредноста на објектот кој целосно го финансира локалната власт изнесува околу 1.100.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош