Општина Гостивар доби грант од 120 илјади евра од EУ и УНДП

Од:

Во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари потпиша Меморандум за соработка со претставничкaта на УНДП, Луиза Винтон и претставникот на делегацијата на ЕУ, Николас Бертолини.

Во наредните две години, УНДП ќе му додели на општина Гостивар грант од 120.000 евра за разни проекти поврзани со барањата и потребите на граѓаните. Општина Гостивар е една од само 5 општини во Македонија кои добиваат од ваков грант од УНДП и избрана е според неколку критериуми, вклучувајќи географска разновидност, можност за кофинансирање и транспарентно финансирање со граѓанското општество.

Програмата финансирана од ЕУ а кофинансирана од УНДП и општините, обезбедува поддршка за проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живеење на жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за социјална инклузија, родова еднаквост, ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он