Општина Дебар со апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и правилата на однесување

Од:

Општина Дебар до граѓаните упати апел и понатаму да бидат примерни во почитувањето на препораките за заштита и правилата при престој во кафулиња, ресторани и други објекти.

Ова, како што се наведува во апелот поради бројките на новозаразени со Ковид-19 во нашата земја, кои се разочарувачки, но и појавата на непочитување на препораките од дел од граѓаните.

– Ги замолуваме граѓаните на општина Дебар строго да ги почитуваат правилата кога се движат низ градот и нивниот престој во кафулиња и ресторани слично. Во нашата општина на осми и девети овој месец ќе се спроведе тестирање на вработените во предучилишната установа и се надеваме дека ќе немаме позитивни случаи. Но, се е можно, бидејќи во градот започна негрижа и непочитување на мерки за заштита Ковид-19,стои во апелот на општината.

Во исто време се апелира до граѓаните, сопствениците на кафулиња, ресторани, такси возила, редовно според протоколот да ги дезинфицираат, да се грижат за превентивните мерки затоа што вирусот е се уште присутен и активен и особено опасност претставува вирусот увезен од други градови каде имаме информации дека број на заразените и мртвите е во пораст.

– Посакуваме во Дебар да нема позитивни случаи со Ковид-19, но се е можно. Затоа бидете внимателни и совесни, стои во апелот на општина Дебар.

Во оваа општина,која беше прво жариште на Ковид-19 во државава, токму поради совесноста на жителите, кои строго ги почитуваа мерките и препораките на надлежните, заклучно со вчерашниот ден, 46 дена нема новозаразени со овој опасен вирус.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава