Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Од:

Општина Дебар синоќа упати барање до ЦУК итно да помогне во гаснење, од воздух, на пожари што беснеат во близина на селата Татар Елевци и Бомово.

-Се обраќаме до Вас за помош во гаснење на пожарот кај селото Татар Елевци на надморска височина од илјада метри од градот Дебар каде е зафатена површина од 10 хектари со голема тенденција за ширење поради ниско стеблата шума. Исто така, потребна е помош и во гаснењето на пожарот во Бомово, каде пожарот беснее два дена, а каде се зафатени и костенови насади, стои во барањето.

При тоа се наведува дека ангажирани се 14 пожарникари, колку што брои дебарската Територијална противпожарна единица, од нив осумина во гаснење на пожарот во Татар Елевци, а четворица во Бомово.

Во гаснењето е вклучена и шумската полиција, но поради непристапниот терен гаснењето е тешко.

– За жал поради непристапниот планински терен и густата шума, возилата на ТППЕ е невозможно да се вклучат во гаснењето во Татар Елевци. Покрај тоа, поради брзината на ширењето на пожарот и недостигот на човечки и друг потенцијал командирот на единицата констатира дека не е можно истиот да се стави под контрола, се наведува во барањето.

Се повторува апелот итно да се интервенира од воздух и во двата пожара, кои се долж границата со соседна Албанија.

Би можело да ве интересира

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река во близина на Хераклеја

Паднати бандери и дрвја, оштетени автомобили – проблеми во Скопје поради ветерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот