Општина Чешиново-Облешево инвестира во изградба на улици во три населени места

Од:

Во општина Чешиново-Облешево започнаа подготвителните работи за изградба и асфалтирање на улици во селата Соколарци, Жиганци и Кучичино, како дел од годишната програма за сообраќајна инфраструктура.

За комплетирање на градежните активности ќе се инвестираат над четири милиони денари што се добиени преку Бирото за рамномерен регионален развој, при што освен на асфалтирање, ќе се работи и на одводот на атмосферската вода.

– Во трите населени места ќе се изградат шест сообраќајници, при што ќе биде поставен асфалтен слој во должина од над илјада и широчина од четири метри, како и дополнителни банкини од двете страни на улиците. Освен проширувањето на коловозот, заради спречување на негово поплавување ќе се изградат прифатни атмосферски сливници од плиток тип што ќе овозможат прифаќање на водата и одводнување до постојните атмосферски канали, истакна градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.

Според техничката документација и потпишаниот договор со изведувачот, се очекува градежните работи на улиците да завршат за два месеци.

Би можело да ве интересира

Земјоделци од Чешиново-Облешево ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Ана Ололовска

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на Ковид-19, од утре почнува со работа

А1он

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

А1он

Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите општини што ќе го имплементираат Договорите за заштеда на енергија

А1он

Општина Чешиново-Облешево доби набљудувачница за птици

Наум Локоски