Општина Центар: Завршени 70% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“

Од:

Градежните активности на улицата „Ленинова“ се одвиваат со интензивна динамика. Во моментов, се уредува горниот строј на улицата и тротоарите, известува општина Центар.

Веќе е поставена атмосферската, водоводната и фекалната канализација, кабловската мрежа е спуштена под земја и се отстрануваат старите дрвени бандери и се ослободуваат тротоарите.

Со оваа реконструкција Центар им излегува во пресрет на граѓаните, кои со години бараа општината да го реконструира овој дел од улицата, велат од Центар.

Се поставуваат бехатон плочки на пешачките патеките, финишира изведбата на велосипедските патеки, се оформува урбаното зеленило и се работи на изведба на резидентните паркинзи. Досега готови се 70% а краен рок за завршување на реконструкцијата на улицата е средина на јули.

По реконструкцијата, граѓаните ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, нови тротоари, резидентен паркинг по цела должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Безбедна и квалитетна улица изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Општина Центар издвои еден милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

А1он

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on