Општина Центар: ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста и да ги заплашува граѓаните

Од:

„Втор ден по ред, ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста и да ги заплашува граѓаните. Граѓаните на Центар треба да ја знаат вистината за ваквото делување на ВМРО ДПМНЕ.

Целта е да се девалвира еден од најуспешните проекти планиран за 2016 година, токму во доменот на јавната чистота. Имено, веќе оваа недела ќе бидат промовирани нови 7 возила за чистење на улиците во Центар и со тоа Центар ќе стане едиствена општина која ќе има на располагање ваква механиација. Возилата ќе придонесат за повеќекратно зголемување на чистотата на улиците, а ќе бидат достапни и преку повик на граѓаните.

Ваквиот проект очигледно ги загрижува советниците на ВМРО ДПМНЕ, па решија на ваков низок начин да ги лажат граѓаните на Центар дека наводно не се инвестира во јавната чистота.

Дополнително, прочитани се намерите за плашење на граѓаните со наводни инвестиции во црни кампањи и деструктивни сценарија од општински буџет. Тоа е одлика  токму на партијата на советникот Томислав Лазаров. Тој лично бил дел од такви сценарија во нападите на општинската зграда во 2013 година и никако не може да собере сили и да одговори како во станот на неговата сестра денес се’ уште “живеат” десетици гласачи од Пустец.

Сакаме да ја информираме јавноста дека општинскиот буџет се троши транспарентно а пренамените на парите се прават согласно потребите на граѓаните“, се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски