Општина Центар: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со катастрофалниот пораз кој ги очекува на 15. октомври во Центар

Од:

Општина Центар со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Горан Богдановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Немајќи идеи како побезболно да се оправдаат пред граѓаните за катастрофалниот пораз кој ги очекува на 15 октомври, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска одржаа прес конференција со празна и лажна критика за сработеното во Центар.

Наместо да се засрамат, тие држеа прес конференција пред истата општина која беше демолирана во организација на нивната партија и лидер, и кои нарачуваа шамари за градоначалникот Андреј Жерновски.
Нивната партија беше 13 години на власт во Центар, нема ниту еден капитален објект, и ќе остане запаметена по потрошените 55 милиони евра само преку општинската каса за проектот „Скопје 2014″.
Ќе останат запаметени по трговските центри кои нивниот градоначалник си ги изгради за сопствени потреби а со пари на граѓаните, како и по приватизираните скапи плацови на Груевски на Водно. Ќе останат запаметени само по корупција, криимнал и своеволие.

Градоначалникот Жерновски и коалицијата предводена од СДСМ, во изминатите четири години реализираа повеќе од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ заедно во трите нивни мандати. И сето тоа со нула денари финансиска поддршка од Владата и со многу опструкции.

Во последните четири години се реконструирани двојно повеќе улици и три пати повеќе зеленило во споредба со претходниот мандат на градоначалникот од нивата партија. Тие не можат да се помират со фактот дека по 42 години се изгради нова современа градинка и по 47 години се гради ново училиште во Капиштец, со, целосна реконструкција на градинките и основните училишта, и обнова на голем број детски игралишта кои беа оставени во катастрофална состојба по нивното владеење. За првпат се воведени награди и стипендии за учениците и наставниците но и пакети за социјално загрозените семејства и останата финансиска помош за ранливите групи.

Со право општината го носи епитетот „зелена општина“, која има обновено и засадено зеленило на површина од 78000 м2.

Изградени се 4 нови сквера, обновени фасади на 13 згради, 4000 граѓани добија субвенции за велосипеди, а за возрасните отворени се 4 пензионерски клубови и субвенции за професионална нега за 90 возрасни лица.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека сега Центар е поубава, поурбана, позелена, општина со жив дух на културата, дружбата, хуманоста и спортот.

Наместо да ја манипулираат јавноста, ги повикуваме да се соочат со реалноста за претстојниот убедливи пораз на изборите во Центар и причината за тоа да ја бараат во своите редови“ се вели во реакцијата на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Николоски предлага со специјални закони да се забрани градењето во Центар и Карпош

Катерина Ѓуровски

Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Катерина Ѓуровски

Општина Центар со помош на полицијата ќе се справува со прегласната музика од ноќните клубови

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

A1on

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски