Општина Центар: Спомен обележјето на Ќосето е дивоградба

Од:

„Во текот на ноќта од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје, е отстранет споменикот на Андон Јанев Ќосето.

По детално испитување на фактичката состојба, надлежните служби во општина Центар донесоа решение дека се работи за дивоградба. При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје“, соопштуваат од Општина Центар.

„Одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел Советот на општина Центар на 28.12.2012 година. Тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период Андон Јанев Ќосето. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата. Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

Решението за поставување на спомен обележјето на Андон Јанев Ќосето е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

СДСМ: Нашата советничка група ќе се спротивстави на предлогот за враќање на споменикот на Ќосето

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски