Општина Центар со 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија

Од:

На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија информираат од Општината.

-Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и овие средства се доделуваат за хуманитарна помош во знак на солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.

„Во овие тешки денови за населението на Турција и Сирија, каде животите ги загубија речиси 16.000 жители, хуманоста и помошта се неопходни за побрзо и полесно справување со последиците и штетите настанати од разорниот земјотрес. Затоа би сакал јавно да апелирам до сите граѓани да се мобилизираме и да се вклучиме со донации за помош и поддршка за настраданите “, изјави Герасимовски.

Средствата од Одлуката за доделување финансиски средства се издвојуваат од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2023-та година.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар