Општина Центар: Секој родител или старател да поразговара со своите деца

Од:

Во однос на денешната информација во медимите поврзана со список, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а и МВР постапува во однос на случајот. Што се однесува до самиот настан, вчера разговарав со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината. Тие веќе од денес преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои децата ги разбрале како игра или шега, се вели во писмената реакција од Општина Центар.

„Очекувам сите наставници, но пред се родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија. Како што веќе известив, во најкус рок ќе започнеме нови програми за спречување на насилство во училиштата и нови проекти кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој. Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема” нема играње“, велат од општината.

Би можело да ве интересира

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар

ЗНАМ ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за Градоначалник на Општина Центар и листата за советници во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Општина Центар: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, гради без закон, троши без логика