Општина Центар се вклучи во помошта на Марко и Тео

Од:

Единаесетгодишниот Марко, жител на Општина Центар, ќе оди на итна операција на коленото. За итно лекување на Марко беа неопходни уште 1.900 евра. Градоначалникот Жерновски потврди дека овие средства ќе ги донира Општина Центар.

Ова беше договорено на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и претседателот на „Меѓународниот сојуз“, Бојан Јовановски.

Наведената сума ќе биде издвоена од средствата собрани за хуманитарни цели од новогодишната прослава, која оваа година ја организираше Општина Центар и дел од хонорарите на артистите. За оваа намена и градоначалникот Жерновски ја донираше својата плата.

Општината во договор со „Меѓународниот сојуз“ ќе донира повеќе од 3500 евра за набавка на специјална количка за 22-годишниот студент Тео, исто така жител на Центар, кој при незгода при пливање, остана со траен инвалидитет.

Жерновски и Јовановски упатија апел и до друите градоначалници да ја покажат својата човечност и да одвојат средства за хумани цели.

„Буџетот на општините се полни со средства од граѓаните. И тие треба повторно да бидат наменети за нивните потреби“, рече Жерновски.

Будењето на инситутициите, рече Бојан Јовановски е неопходно, бидејќи на овие лица навистина им е потребна помош.

Соработката помеѓу Општина Центар и “Меѓународниот сојуз“ ќе продолжи и понатаму, се’ во интерес на граѓаните.

Општината веќе на 10-ти септември ќе се вклучи во проект за помагање на лица со социјален ризик. Наскоро ќе биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу “Меѓународниот сојуз“ и Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар